Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија го одбележува Меѓународниот ден на трудот

Актуелно

Македонија го одбележува Меѓународниот ден на трудот

Меѓународниот ден на трудот што традиционално се прославува во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права денеска ќе биде одбележан и во Македонија.

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со кампања за организирање и мобилизирање ново членство.

Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени работнички права.

ССМ и годинава ќе бара вклучување во сите процеси кои водат кон унапредување на социјалниот дијалог, повеќе и подобри работни места, спроведување индустриска демократија, унапредување на информирањето и консултирањето, учество во економското управување, унапредување на процесот на колективно преговарање и договарање, обезбедување услови за здрави и безбедни работни места, сигурни и зголемени плати, економска и родова еднаквост и обезбедување збогатени социјални права и стандарди за сите работници.

Изминатите години почнувајќи од 2010 година по повод 1 Мај беа организирани кампањи за одредени области од заштитата на работничките права.

Како резултат на тоа беа иницирани и донесени неколку законски решенија како што се Законот за мобинг, измените на Законот за безбедност и здравје при работа и за првпат од осамостојувањето на Македонија Законот за минимална плата со кој е утврден најнискиот износ на плата којшто треба да им се исплати на работниците.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во Македонија до 2006 година се празнуваше на 1 и 2 мај, но од 2007 година за неработен ден е прогласен само 1 мај.

Денот на трудот се празнува во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго кога демонстрантите барале воведување осумчасовен работен ден. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.