Вести
Македонија ќе испрати хуманитарна помош во Албанија
Македонија ќе испрати хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите, соопшти Владата.
Ова е одлучено на денешната седница на која беше разгледана информацијата од Амбасадата на Македонија во Тирана за состојбите со поплавите во Албанија.
Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање на хуманитарната помош.