Актуелно
Македонска делегација на Генерално собрание на ОН во Њујорк
Македонска делегација во која е вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски учествува на 71-то Генерално собрание на ОН во Њујорк.
Како што соопштуваат од МНР, во Њујорк, министерот Попоски ќе се обрати на бројни состаноци на министерско ниво, организирани како во рамките, така и на маргините на 71-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
За време на настанот, Попоски ќе оствари и бројни билатерални средби.