Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонска делегација на молебен на гробот на свети Кирил во Рим

Актуелно

Македонска делегација на молебен на гробот на свети Кирил во Рим

Владината делегација со премиерот  Никола Груевски во рамки на чествувањата на Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска ќе го посетат вечното почивалиште на свети Кирил во црквата Сан Клементе во Рим и ќе присуствуваат со молебенот со кој ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Во Рим синоќа по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.

Во рамки на културната манифестација, која  беше свечено отворена од премиерот, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела.

Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека Република Македонија и годинава, по 47-ми пат дава свој придонес во чествувањето на големите словенски просветители, потврдувајќи ги уште еднаш добрите врски меѓу Република Македонија, Ватикан и Република Италија.

Во рамки на манифестацијата се обрати и министерката за култура Елизабета Каческа – Милевеска, која истакна дека на изложбата се презентирани врвни уметнички дела на 11 автори, современи охридски резбари од четири различни генерации.

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски вчера оствари средби со поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск и  со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.