Вести
Македонски автобус се превртел кај Лесковац – три патници загинале
Автобус со македонски регистарски таблици околу 1.45 по полноќ на автопат во Србија, во близина на исклучувањето кон Лесковац, излетал од патот и се превртел, јавуваат српските медиуми.
Како што јавува РТС во несреќата загинале три лица, а 32 се повредени. Во болницата во Лесковац примени се 28 лица, а во во болницата во Ниш четири. Меѓу повредените има и четворицата со тешки телесни повреди, но како што се јавува, тие се надвор од животна опасност.
Според српските медиуми автобусот тргнал околу 20 часот од Прилеп и патувал кон Виена.