Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонски Телеком и Т-Мобиле и минатата година лидери на пазарот

Актуелно

Македонски Телеком и Т-Мобиле и минатата година лидери на пазарот

Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција на пазарот во 2014 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните консолидирани финансиски резултати согласно со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Продолжува трендот на пораст на приходите во интернет и IPTV сегментот, а се намалуваат приходите од говорните услуги.

Приходите од продажба на ниво на Групација во 2014 година изнесуваат 11 милијарди денари, што претставува намалување од 11,3 отсто во споредба со 2013 година. Оперативните трошоци во изминатата година се намалени за 12,7 отсто во споредба со 2013 година, а вкупните капитални инвестиции во 2014 година изнесуваат 1,8 милијарди денари.

Од 2014 година е применлива нова легислатива, односно донесени се измени во Законот за добивка коишто значително влијаат врз висината на добивката на Групацијата. Нето добивката за 2014 година изнесува 880 милиони денари и е намалена за 55,8 отсто во споредба со претходната година. Добивката пред оданочување, којашто ги исклучува ефектите од даноците, се намали за 11,6 отсто во однос на 2013 година, што е резултат на намалените приходи коишто се делумно компензирани со намалените оперативни трошоци.

Македонски Телеком во 2014 година остана на лидерската позиција со пазарно учество од 63,8 отсто во сегментот на фиксната телефонија и удел од 50,8 отсто во делот на широкопојасниот интернет, според интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 13 отсто во споредба со 2013 година, со бројката од 237 илјади корисници, Македонски Телеком ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV во 2014 година се зголемија за 6,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Фокусот на double и triple play пакетите го зголеми бројот на интернет корисници за 2,7 отсто, што резултираше со база од 190,5 илјади DSL корисници на крајот од 2014 година. Македонски Телеком постигна одлични резултати со дигиталната телевизија, како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство. На крајот од изминатата година, бројот на MaxTV корисници е зголемен за 12 отсто во споредба со 2013 година и изнесува 98 илјади корисници на IPTV.

Во мобилната телефонија, приходите од говорни мобилни услуги во 2014 година се намалија за 18,7 отсто во споредба со претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите. Продолжи трендот на зголемено користење на мобилните услуги, при што во пакетите се опфаќаат сè повеќе минути за истата цена. Тоа придонесе за зголемување на бројот на минути на користење, делумно придвижено од континуираното намалување на тарифите. Следствено, како одраз на намалувањето на тарифите и на конкуренцијата, просечниот приход по корисник е намален за 17,2 отсто во споредба со 2013 година.

Т-Мобиле Македонија во 2014 година ја задржа водечката позиција со удел од 46,8 отсто на пазарот. Во услови на стабилна пенетрација на пазарот и силна конкуренција, Т-Мобиле успеа не само да го задржи, туку и да го зголеми бројот на корисници. Поточно, на крајот од 2014 година Т-Мобиле имаше 1.197 илјади претплатници, што е за 2 илјади повеќе во однос на 2013 година.

Прочитај повеќе

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.