Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонските политички лидери на средба со Хан во Брисел

Актуелно

Македонските политички лидери на средба со Хан во Брисел

Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), денеска ќе имаат околу пет и пол часа време што еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, ќе го издвои за нив со цел постигнување на конечен договор за ставање на крај на политичката криза во земјата.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, високи извори од ЕК потврдија дека на денешниот состанок што ќе се одржи во салата за состаноци во зградата „Берлемонт” на ЕК во Брисел, е потврдено присуството на македонската политичка четворка, додека од страна на ЕУ, покрај комесарот Хан, се очекува да присуствува само известувачот за Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Според информациите од неформалната Влада на ЕУ, најпрво се предвидени издвоени, 45-минутни средби на комесарот Хан со Заев и неговата делегација во која се и Рената Дескоска-Треневска и Радмила Шекеринска (предвидено за 11:00 часот), како и со премиерот Груевски, кој доаѓа со Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров, а е предвидено билатерално да се сретне со комесарот во 12:15 часот.

По „билатералките” со Заев и Груевски, околу 13:00 часот се очекува четворицата политички лидери од Македонија, плус Хан и Вајгл да седнат на заедничка маса и да се договорат за ставање крај на политичката криза. Она што е сигурно е дека Хан има време за договор, најдоцна до 17:30-18:00 часот, бидејќи подоцна има други активности. Тоа значи дека еврокомесарот за преговори за проширување има издвоено пет ипол часа за договор, кој се очекува денеска да биде конечен.

На состанокот во Брисел, сите очекувања на ЕК се дека ќе биде постигнат договор, бидејќи доколку македонските политички лидери тоа не го сторат, посебно по постигнатата рамка, тогаш ќе опадне ентузијазмот за посредување на Хан, а можно е тој и да отпадне од понатамошните преговори и истите да ги посредува евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав.

Најавите се дека договорената рамка од состанокот во Скопје минатата недела е просторот во кој се очекува да се движат денешните преговори и истите да завршат со организирање на предвремени парламентарни избори во април идната година, додека во меѓувреме ќе се работи на поправање на Изборниот законик, реформи во судството, засилено владеење на правото и слобода на изразување/медиуми.

Според најавите од официјален Брисел, доколку некој од политичките лидери денеска ги минира преговорите со нереални или дополнителни барања или доколку подоцна го изигра можниот договор, ќе биде директно виновен за застој на евро-атлантските интеграции на Македонија. Причината е што ЕК веќе работи на прогрес-извештајот за Македонија, кој се очекува да го издаде на 13-ти октомври, а кој доколку денеска нема договор, речиси сигурно ќе нема препорака за отворање на пристапните преговори, што ЕК го правеше изминатите шест години.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.