Актуелно
МАКПЕТРОЛ: „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“
Од иновации и подобрување на работата никогаш не е доста. Ова го докажа компанијата Макпетрол АД Скопје која овој пат во продажниот салон на Хонда ја промовираше наградната игра од програмата за лојалност ВЕРНА, под наслов „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“.
Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје, го презентираше концептот на наградната игра, проект целосно посветен на најлојалните потрошувачи.
– „Како современа и пазарно ориентирана Компанија, со воведување на ВЕРНА програмата за лојалност започнавме да ја наградуваме довербата на нашите потрошувачи. Во тој правец продолжуваме понатаму – со желба дa обезбедиме дополнителни погодности и предности, Макпетрол за своите лојални потрошувачи и членови на ВЕРНА програмата за лојалност воведува наградна игра под име „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш“- изјави Мишко Тасевски.
„Наградната игра ќе започне на 11-ти април и ќе трае до 5-ти јуни 2016 година. Играта ќе се одвива во 11 посебни кола од кои осум неделни кола, две месечни кола и едно главно коло. На крај ќе биде организирано завршно или Главно коло што ќе се однесува на периодот од почетокот до крајот на Играта, односно од 11- ти април до 5 -ти јуни 2016 година“- истакна Тасевски.
На учесниците во Наградната игра ќе им биде понудена широка палета на награди, а тоа се: секоја недела подарок поени на Верна картичка, Кристал кар средство за ветробранските стакла, Лубекс моторни масла и ваучери за гуми. Дополнително секој месец компанијата ќе подари по два лап топи Делл и викенди за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга и Маврово. И на крај главната награда е прекрасниот скутер Хонда ANC 125 SH Mode – истакнаа од компанијата
Извлекувањето на наградите ќе се врши за секое поединечно коло. Списокот на добитниците на наградите ќе биде објавувен на веб страната на Макпетрол, www.makpetrol.com.mk и на официјалната веб страна на програмата за лојалност ВЕРНА, www.verna.mk.