Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Макпетрол: Телевизија Телма ниту преговара, ниту има намера да се продаде

Актуелно

Макпетрол: Телевизија Телма ниту преговара, ниту има намера да се продаде

Од телевизијата Телма и Макпетрол информираат дека телевизијата не преговара, ниту пак има намера да се продаде.

Напротив, како што информираат, Макпетрол е во сериозни инвестициски зафати во Телма која изминатата година според официјалните податоци ја зголеми гледаноста за речиси 1000 посто и Телма набргу ќе зрачи во фул хд резолуција.

„Поради злонамерните шпекулации кои постојано се лиферуваат во јавноста дека наводно Макпетрол планира да ја продава телевизија Телма, Макпетрол чувствува обврска да ја извести јавноста дека менаџментот на компанијата ниту преговара со било кого за продажба на телевизијата, ниту има намера да ја продаде. Напротив, Макпетрол е во сериозни инвестициски зафати во Телма која изминатата година според официјалните податоци ја зголеми гледаноста за речиси 1000 посто и Телма набргу ќе зрачи во фул хд резолуција, целосно ребрендирана според светски стандарди. Менаџментот на Макпетрол и Телма телевизија ќе останат верни на својата принципиелна, непристрасна и објективна уредувачка политика и немаат намера да потклекнат на било какви политички притисоци“, информираат од Телма и Макпетрол.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.