Вести
Mалолетничка загина во сообраќајна несреќа кај Градец
Петнаесетгодишно девојче го загуби животот во сообраќајна несреќа на локален пат во близина на селото Градец, откако автомобил што го управувал малолетник излетал и се превртел.
Во несреќата потешко е повредено уште едно девојче и уште четири малолетници.
Според првичните сознанија на гостиварската полиција, автомобилот „БМВ” со странски регистерски таблички околу 16:30 часот со шест малолетници се движело на локалниот пат кој го спојува Градец со автопатот Тетово-Гостивар. Од сé уште неутврдени причини, автомобилот што најверојатно го управувал 14-годишник од Градец, изгубило контрола и неколку пати се превртело.
Од здобиените повреди на самото место починало едно од девојчињата, а друго како итен случај е пренесено на скопските клиники. Другите деца со полесни повреди се згрижени во гостиварската болница.
Во тек е увид на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, кои работат на расветлување на случајот.