Актуелно
Малолетник расечен со нож од врсник во Скопје
Во полицијата вчера Ш.К.(39) пријавила дека на 04.01.2016 година околу 20,00 часот на ул.„Скупи“ 16-годишен малолетник од Прилеп физички го нападнал нејзиниот 15-годишен син и со нож му нанел расекотина во пределот на градниот кош.
Повредениот малолетник, соопшти денеска МВР, бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.
По целосното расчистување и документирање на случајот, стои во соопштението, ќе следи соодветен поднесок.