Марина Туцаковиќ со влошена здравствена состојба префрлена во болница
Авторката на бројни хитови во вторникот имала јаки напади на гушење, поради што нејзиниот син Милан на друштвените мрежи напиша дека и е потребна итна лекарска помош. Медиумите во регионот пренесуваат дека таа е приклучена на респиратор.
Марина Туцаковиќ и понатаму е во лоша состојба. Нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ изјави за српските медиуми дека ракот на дојката метастазирал на црниот дроб, мозокот и коските.
Една од најпознатите српски текстописци, Марина Туцаковиќ била префрлена во болницата „Драгиша Мишовиќ“, наводно била поврзана на респиратор.
Марина, која со години се бореше со ракот, состојбата и се влошила во вторникот, за што стана познато кога нејзиниот син побара помош преку социјалните мрежи.
-Помош! Мајка ми има сериозно задушување. Службата на терен може да дојде само во два часот, што може да биде доцна. Таа не сака да оди кај ковид болните. Дали некој има број од стручно лице што би можело да ја слушне што е можно поскоро? Ние сме во Белград, Врачар – напишал тој.
POMOĆ!!! Majka mi ima teška gušenja. Terenska služba može doći tek u 2, što može biti kasno. U kovid legla ne želi da ide. Da li neko ima broj stručnog lica koje bi moglo da je posluša ASAP. Mi smo u Beogradu, Vračar. Pišite u DM. Hvala vam. ???
— Milan Laća Radulović (@RioJaggerr) September 14, 2021