Актуелно
МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ: Судири со полицијата, има уапсени и повредени (ФОТО+ВИДЕО)
Масовни протести против амнестијата која ја прогласи претседателот Иванов се случија вечерва во Скопје. Граѓаните бараат оставка од претседателот на државата. Судири со полицијата, има уапсени и повредени – тоа е ситуацијата од терен.
Полицијата веќе уапсила десетина демонстранти кои ја демолирале канцеларијата на Иванов во центарот на градот. Има повредени и новинари и фоторепортери, пренесува Дојче веле.
Протестот на граѓаните започна во 18 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство, на кое му беше изразено поддршка за работата.
Оттаму демонстрантите продолжија пред канцеларијата на претседателот на државата кон која беше фрлано со јајца, камења и димни бомби. Повеќе прозорци на канцеларијата се искршени, а внатрешниот мебел целосно демолиран. Демолирани се прозорци и на зградата на Министерството за правда.
Се бара оставка од Иванов, се скандира „Нема правда, нема мир“.
Пробивајќи го полицискиот кордон демонстрантите оттаму се упатија пред Собранието каде паралелни контра-протести одржуваа стотина приврзениците на ГДОМ. Тие протестираа против аболицијата за Заев и Верушевски, но во меѓувреме го префрлија својот протест пред седиштето на СДСМ.
Забележливо е масовно присуство на полицијата на речиси сите улици и објекти околу Собранието.
Погледнете го видеото објавено од Мкд.мк, снимено откако полиција ја растури толпата:
https://www.youtube.com/watch?v=VPONNM2J0UI