Актуелно
Маврово најладно со – 13 степени и со најмногу снег
Најладно утрово е во Маврово каде во 7:30 часот се измерени – 13 Маврово степени, – 12 се измерени во Лазарополе, – 11 во Пожаране и Крушево, – 10 во Ѓуриште, -9 во Пожаране, – 8 во Тополчани и Претор, – 7 во Дебар, Крива Паланка и Берово, – 6 во Прилеп, – 5 во Охрид, Битола, Тетово и Куманово, – 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, – 3 во Кавадарци, Струмица, Скопје Петровец, – 2 Дојран и во Демир Капија.
Најмногу снег има наврнато во Маврово 46 сантиметри, 33 во Лазарополе, 29 во Пожаране, 25 во Берово, 23 во Крушево, 17 во Ѓуриште, 16 во Тополчани, 15 во Тетово, 11 во Претор, 10 во мерната станица Пожар, Битола, Крива Паланка, 9 во Штип, 5 во Охрид и Струмица и 3 сантиметри во Прилеп и Виница.
Во поголемиот дел од земјава претпладнево преовладува облачно и студено време, а во југозападните и југоисточните делови со умерена облачност. Дува умерен до засилен северозападен ветер, особено во Скопската котлина и Штип, каде ветерот на моменти достигнува брзина од 45 до 60 км/час. Во западните планински предели има сеуште провејување на снег.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Претпладнево во западните планинските предели со провејување на снег. Дневната температура ќе се движи во интервалот од – 6 до 1 степен.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно студено и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Највисоката температура ќе достигне до – 3 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и студено време, особено во вторник и среда кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени. Постепен пораст на дневните температури се очекува од среда.