Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Маж мачел и силувал куче среде бел ден – полицијата вели дека нема надлежност да реагира

Актуелно

Маж мачел и силувал куче среде бел ден – полицијата вели дека нема надлежност да реагира

Лице на возраст од 25-30 години минатата недела среде бел ден мачело и силувало куче на кеј од страна на Керамидница, кое по чинот влегло во една од куќите на таа страна од Вардар, велат од Анима мунди.

– „Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил монструмот, силувачот на кучето. Шокирани сме што сѐ се случува во Македонија и што сѐ се толерира во нашето општество. Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега“, стои во соопштението на здружението.

Велат, иако е пријавено, полицијата нема интерес или механизам да изврши претрес, вештачење и да го приведе лицето кое го извршило монструозниот чин.

– „Адвокатскиот тим на Анима Мунди контактира со сведоците и бараме најстрога казна и правда за злоставуваното куче. Каква порака се пренесува на овие деликвенти и психопати, доколку не бидат најстрого санкционирани? Кој ги штити луѓето, децата, животните во нашето општество, колку сме безбедни кога социопат, сексуален манијак, зоофил, зооераст слободно шета и силува животни на кеј, пред очите на другите луѓе? Која е нашата порака кога на монструмите никој ништо не им може? Така на пример во Кочани, силувачот на кучиња кој беше 10 пати пријавен од локалното население, здруженијата за заштита на животни за мачење/силување/убивање кучиња, сега е повторно на слобода и без било каква контрола – насилникот повторно слободно шета, собира кучиња , ги носи на напуштени локации за потоа да на животните им се губи секоја трага, а на местото остануваат искористени кондоми или мрши, велат од Анима Мунди.

Од здружението ги повикуваат Министерството за внатрешни работи, АХВ и општинските власти да ги вложат сите напори за да ваквите лица бидат казнети и сместени во затвор.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.