Актуелно
Меѓународен ден на човекови права
Под слоганот „Застани во одбрана на нечии права“, денеска во земјите членки на Обединетите нации се одбележува 10 Декември-Меѓународниот ден на човекови права.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на човекови права се одржува секоја година и е проследен со повеќе настани за подигнување на свеста за унпаредување на човековите права.
Македонското здружение за заштита при работа го спроведува проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно човеково право“. Проект е финансиран од Европската унија преку грантова шема European Instrument for Democracy and Human Rights.