Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Метеоролозите најавуваат заладување: Од среда врнежи од дожд и температура до 20 степени!

Актуелно

Метеоролозите најавуваат заладување: Од среда врнежи од дожд и температура до 20 степени!

Врнежи од дожд и намалување на температурата не очекува во среда и четврток. Метеоролозите најaвуваат пад на температурата на 20 степени задутре и пообилни врнежи во западнaа и југозападна Македонија. 

Под влијание на влажен бран од Медитеранот од среда попладне и четврток наместа се очекува дожд над 30 литри на метар квадратен.

Темерпатурата во среда ќе се движи од 7 до 14 во утринските часови и максималната од 12 до 20 степени Целзиусови. Во четврток до 26 степени. Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето кое за викендот ќе биде до 30 степени.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален и кракотраен дожд, особено повеќе услови има во јужните и југоисточните делови на земјава. Наместа се очекува да наврнат над 10 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната  температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.

Во Скопје максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.