Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Метеоролозите предвидуваат екстремни временски услови оваа зима

Актуелно

Метеоролозите предвидуваат екстремни временски услови оваа зима

Поради многу силниот метеоролошки феномен Ел Нињо, што ќе дојде до израз претстојната зима, во разни делови во светот би можеле да бидат регистрирани екстремни временски услови, предвидуваат реномирани светски метеоролози.

Додека САД би можеле да ги погодат разорни бури, во Велика Британија зимата би можела да биде екстремно студена, а во Јужна Америка би можеле да бидат регистирани преобилни врнежи, кои би довеле до поплави и одрони на земјиштето.

Јужна Азија, според ова сценарио, би ја погодила суша, а Австралија шумски пожари, пишува „Дејли телеграф“.

Климатологот на НАСА Бил Пецерт, кој најавува „поплави, одрони и хаос“, го нарече Ел Нињо Годзила, чудовиште од познатиот научно-фантастичен филм.

Ел Нињо се јавува на секои две до седум години. За неговата појава битни се промените во температурата на морето во источен Пацифик.

Површинските температури во океанот во близина на Перу во моментот се 1,9 степени Целзиусови над просекот, а во пораст се веќе неколку месеци.

Сега се повисоки отколку што биле во овој период во 1997 година, кога е регистиран досега најсилниот и најсмртоносен Ел Нињо.

Во катастрофите кои ги предизвика Ел Нињо од пред 18 години животот го загубија 23.000 луѓе, а забележана е и штета од 45 милијарди долари.

Ел Нињо во северна Европа обично носи зими постудени отколку што е вообичаено.

Експертите за исклучително студените зими во Британија во 2009 и 2010, какви што не се забележани со децении, го обвинуваат исклучиво овој климатски феномен.

Во Центарот за климатски прогнози на Американската метеролошка служба предвидуваат дека врвот на Ел Нињо ќе настапи подоцна оваа есен или во почетокот на зимата, но неговите последици се чувствуваат и сега.

Експертите го обвинуваат Ел Нињо за поплавите во Чиле, големите суши во Индонезија, на Филипините и во Австралија, а го поврзуваат и со ниското ниво на водата во Панамскиот канал, што исклучително го отежнува поминувањето на бродовите.

Како што се предвидува, делувањето на Ел Нињо врз климата во светот ќе се почувстува до раната пролет 2016 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.