Актуелно
Минибус излета од пат во Гостиварско, повредени 14 лица
Четиринаесет лица, од кои 10 деца и 4 возрасни се повредени откако минибус „Форд турнео“, излетал од патот околу 12 часот и 40 минути, во близина на гостиварското село Падалиште, во непосредна близина на мостот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски, 10 годишно девојче во коматозна состојба е пренесено на скопските клиники, а една повозрасна жена имала скршеници.
– Возилото, кое го управувал од 47-годишниот К.М. од Падалишта од неутврдени причини ислетало од коловозот и се превртело на покрив. При тоа вкупно 14 лица задобиле различни видови телесни повреди. Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои 9 деца на возраст до 10 години, возачот и три женски лица на возраст од 42 и 72 години, се згрижени во гостиварската болница, рече Јосифоски
Во гостиварската општа болница повредените се задржани и се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување.
Наскоро ќе започне увид на местото на несреќата.