Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Минусни температури во поголем дел од државата

Вести

Минусни температури во поголем дел од државата

Во поголем дел од државата утринава минималните температури се под нулата. Најстудено е во Лазарополе со -7 степени, а најтопло во Дојран каде утринската температура е три степени.

Во Маврово се измерени -6 степени, во Крушево и Берово -5, во Крива Паланка -4, во Ѓуриште и Пожаране -3, во Тополчани и Претор -2 и во Виница и Струмица -1 степен. Нула степени се измерени во Демир Капија, Дебар, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и Битола, а над нулата температурата утринава е во Гевгелија и Скопје каде се измерени 2 степена.

Утринава во западните планински делови се уште има врнежи од снег, а во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Во југозападните делови ќе има повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено претпладне, а попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до шест степени.

За време на викендот ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.