Актуелно
Мирни протести пред Собрание: Демонстрантите ги избркаа провокаторите
Насловната фотографија е преземена од МИА
Илјадници граѓани и вечерва одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија, по завчерашното објавување материјали од страна на опозициската СДСМ за случајот со убиството на Мартин Нешкоски.
Групата пристигна пред Собранието откако попладнето не можеше да го изрази својот протест пред Јавното обвинителство и пред Владата.
Според јавувањето на репортерските екипи, предмалку пред Собранието поминала помала група на момчиња со качулки на главите, слично како и вчера, по што толпата граѓани која се уште протестира започнала да им вика „Уа провокатори, кој ве праќа, сега ве сликаме“, по што толпата момчиња заминала.