Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

44 години од раѓањето на Тоше Проески

Македонија

44 години од раѓањето на Тоше Проески

Денес, на 25-ти јануари, Крушево ќе биде домаќин на специјален настан за одбележување на 44 години од раѓањето на македонската и балканска музичка легенда, Тоше Проески, кој трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во Хрватска, на 16 октомври 2007 година.

На неговото вечно почивалиште на Гумење се очекува голем број фанови и поддржувачи од Македонија и странство да се соберат, за да му оддадат почит на Тоше и да го посетат Спомен домот „Тодор Проески”, каде што се изложени лични предмети на пејачот, кои го одржуваат неговото сеќавање живо во срцата на неговите фанови.

Маркетинг

Во чест на Тоше, во Спомен домот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, која ќе започне од 9:00 часот и ќе трае до 16:00 часот. Врвот на денот ќе биде во 11:15 часот, кога делегации и бројни обожаватели ќе положат цвеќе на Гумење, во времето кога Тоше се родил.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ќе присуствува на настанот и ќе ја оддаде својата почит на Тоше Проески. По посетата на неговото почивалиште, Љутков ќе се упати и во Спомен домот, каде што ќе ги разгледа изложените експонати и ќе присуствува на културната програма.

Во 12:00 часот, младите пејачи Нела Манческа, Дорис Димовска и бендот „Лок даун” ќе го исполат програмата со изведба на песни од Тоше Проески, додека вокалните состави „Оренда” и „Графити” од Бугарија ќе го збогатат настанот со свои настапи.

Денешниот настан претставува потсетување на наследството и влијанието што Тоше Проески го остави зад себе, како и на неговата вечна поврзаност со своите фанови и македонската музичка сцена.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.