Активни повеќе пожари на територијата на Македонија
Центарот за управување со крици информира дека на територијата на цела држава активни пожари има со кумановскиот, кривопаланечкиот, липковскиот, струмичкиот, штипскиот, прилепскиот, битолскиот и скопскиот регион. На терен се пожарникари, полицајци, војници, жители на населените места, а во акција се и хелокоптерите на АРМ.
Во кумановскиот регион пожарот на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино, општина Старо Нагоричане е активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Од утрово во гаснењето на пожарот бил вклучен и хеликоптер на АРМ. Поради ветерот пожарот е проширен на поголема површина. Со пожарот се зафатени и неколку стари куќи.
Пожар има и во атарот на село Дренак. Во повисокиот дел од селото со пожарот биле зафатени неколку стари напуштени куќи, опожарена е една црква и училиштето. Со пожарот е зафатена сува трева и ниска деградирана шума. Гори и во близина на селото Мургаш каде со пожарот се зафатени и стари куќи. Причина за пожарите е силниот ветер кој направил спој на жици кои предизвикале повеќе пожари.
Во општина Липково активен е пожарот во Белановце каде гори сува трева и дабова шума.
Во општина Крива Паланка активен е пожарот во село Варовиште каде гори сува трева, ниско стеблеста деградирана шума и дабова шума. Тука изгоре една куќа и штала.
Во струмичкиот регион и натаму гори шума во атарот на селото Погана, а пожарот е проширен во правец на Богданци и Казан Дол.
Пожарот кој започнал од запалено стрниште во атарот на село Канатларци, општина Прилеп се уште е активен и е проширен во атарот на село Мусинци, општина Могила. Зафатена е поголема површина на сува трева. Гори и во атарот на село Ореовец, но тука пожарот е под контрола. Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Топлица е активен и има зафатено голема површина.
Во Штип пожар има во близина на селотоата Нов Истевник. Пожарникари и припадници на граничната полиција и на војската интервенираат на непристапен терен.
Во општина Кочани активен е пожарот кој беше предизвикан од паднат далекувод кај месноста Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е надвор од контрола.
Активен е пожарот од запалена мешана шума во атарот на Катлановска бања кон селото Градманци и село Коњари.