Аплауз за поддршка, денес во 21 часот!
Водителот Ване Маркоски го повикува граѓаните вечерва да се приклучат кон аплаузот за поддршка за своите доктори, медицински персонал, војска, полиција, министерот, медиумите…
„Додека сите на најразлични начини им даваат поддршка на своите доктори, медицински персонал, полиција, војска, медиуми, ние се расправаме и караме по социјални мрежи и уште повеќе ја зголемуваме паниката. Сега кога е полициски час и кога навечер е тивко, излезете, НЕ СЕ ШТЕДЕТЕ, излезете на вашите тераси во 21:00 часот и дајте го најголемиот аплауз за НИВ, во сите градови и места во Македонија. Покажете човечност, емпетија, солидарност… ♥“ – стои во описот на настанот.