Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Државата субвенционира нови авиолинии од Скопје: Луфтханза ќе лета десет пати во неделата за Франкфурт

Македонија

Државата субвенционира нови авиолинии од Скопје: Луфтханза ќе лета десет пати во неделата за Франкфурт

Македонската авиокомпанија „Визер“ наскоро ќе воведе четири нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Оваа компанија ќе добие субвенции за летовите до Љубљана, Штутгарт, Луксембург и Салцбург. Според најавите, летовите ќе стартуваат од 1 ноември и ќе се одржуваат три пати неделно.

Од друга страна, авиокомпанијата „Луфтханза“ веќе од 23 април ќе лета десет пати во неделата од Скопје до Франкфурт. Конкурирајќи со другите авиокомпании, „Луфтханза“ доби субвенции за една авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до аеродромот во Франкфурт.

Согласно најавите од Министерството за транспорт и врски, компаниите ќе добиваат финансиска поддршка од 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје.

Договорите со авиокомпаниите ќе бидат на три години, со планирани 5 милиони евра од буџетот на државата. Во случај да компаниите не ги одржуваат овие линии во следниве три години, ќе бидат принудени да ги вратат парите кои ги добиле како субвенции, според изјавата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.