Македонија
Јубилејна година за Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ најавува одбележување на неколку значајни јубилеи во текот на 2025 година.
Оваа година ќе се одбележат 80 години од усвојувањето на македонскиот правопис и азбука, 100 години од раѓањето на Трајко Стаматоски, еден од основачите на Институтот, како и 75 години од излегувањето на првиот број на списанието „Македонски јазик“.