Македонскиот пасош на 16-то место по моќност во светот
Во најновото рангирање на сајтот „Passport index“, македонскиот пасош се најде на 16-та позиција во моментов по моќност, односно во моментов е помоќен и од американскиот пасош.
Пандемијата поради коронавирусот ја смени моќноста на пасошите, па така на врвот е сега пасошот на Нов Зеланд, земја која втор пат прогласи победа над коронавирусот.
Од регионот, словенечкиот пасош е највисокорангиран на 5. место, Хрватскиот на 8, додека на деветтото место се пасошите на Романија и на Бугарија. Србија е на 14-то место, Црна Гора на 18-то. Пасошот на Албанија е веднаш зад Македонија на 16-та позиција, додека на Косово е 65-тата позиција.
Пасошот на Нов Зеланд е прогласен за најмоќен а по него следуваат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска , Јужна Кореа, Јапонија и Австралија сите со оценка 128 и го делат второто место.