Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Милевски: Со доградбата на старечкиот дом во Берово на старите лица го унапредуваме квалитетот на животот

Македонија

Милевски: Со доградбата на старечкиот дом во Берово на старите лица го унапредуваме квалитетот на животот

Милевски: Со доградбата на старечкиот дом во Берово на старите лица го унапредуваме квалитетот на животот

Во рамките на проектот за доградба и реконструкција на дом на стари лица во Берово како дел од развојните цели на Центарот за развој на источниот плански регион, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, координаторката од Амбасадата на Швајцарија, Мирјана Македонска како и градоначалникот на општината Звонко Пеќевски беа на увид во домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“, раководен од директорката Бојчoвска Каламадевска, каде Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка инвестираа над 7 милиони денари, како и општината со околу 13 милиони денари.

– Основна цел на проектот е подобрување и унапредување на квалитетот на живот на старите лица, здравјето и психофизичката состојба, како начин на подобрување на системот на социјална заштита на старите лица во источниот регион, и воспоставување на вонинституционална заштита и формирање на дневен центар. Со ова докажуваме дека ние се грижиме како за најмладите, градејќи детски игралишта, така и за најстарите со градење на старечки домови, кои што ќе ги користат оние навистина кои што цел живот работеле за нас, сега општеството треба да им врати, да води сметка и за нив. Задоволен сум од соработката и од идеите кои што ги дава општината Берово, се надевам дека во следниот период ќе продолжиме со соработката, но и со Швајцарската агенција за развој и соработка, за многу други проекти во втората фаза која што се надевам ќе започне следната година, порача министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Според националната проектна координаторка во Швајцарска амбасада во Скопје, Мирјана Македонска, покрај  унапредувањето на економијата, на стопанството, една од работите кои е исклучително важна е и социјалната инклузија. Вклученоста на маргинализираните групи и ранливите групи во секој сегмент од општественото живеење.

– Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на Амбасадата, веќе 6 години интензивно соработува со Министерството за локална самоуправа на тема рамномерен регионален развој. Во рамките на проектот,  во источниот плански регион, годинава, грантот кој што беше доделен е наменет за реновирање и проширување на домот за стари лица во Берово. Она што е од особена важност е дека проектот беше избран на партиципативен начин, уште една вредност на Швајцарија која што ја внесуваме и интегрираме во сите наши проекти, имено проектот беше одбран од страна на граѓаните на источниот плански регион, рече Македонска.

Berovo 16.10 (15)Berovo 16.10 (8)Berovo 16.10 (11)Berovo 16.10 (14)Berovo 16.10 (10)
<
>

За градоначалникот на општината Звонко Пекевски, Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки” е единствена установа од ваков тип во источниот регион.

– Задоволството е особено големо, кога крајните корисници имаат квалитетна и добра услуга, која се состои пред се од обезбедување на грижа, хигиена, храна и секако дневна медицинска помош која им се нуди секојдневно на корисниците на домот, додаде градоначалникот.

За директорка на домот за стари лица Живка Бојчoвска Каламадевска старите лица се столбот на нашето општество и ние треба да им обезбедиме соодветна грижа и нега како и достоинствен живот.

– Отворањето на третата ламела овде во домот, е од големо значење не само за Берово, туку и за целиот источен регион, со што ќе се зголеми капацитетот за уште десет легла, а ќе се намали големата листа на чекање. За убавината, негата, грижата и топлината која што се чувствува во овој дом, можат да кажат корисници кои што веќе години наназад ги користат нашите услуги, порача таа.

Станарите на домот задоволни, градат мостови и пријателства

– Веќе шеста година сум тука, има место за рекреација. Домот е на убаво место, околината е многу убава, има место за пешачење, слободни сме, кои сме моќни да можеме да одиме, дозволено ни е, не сме за ништо спречени, вели  Натка Иванова.

Таа кога дошла за првпат во домот  била многу исплашена, побарала помош од отецот Дамаскин, игумен на Лесновскиот манастир, кој и порачал да го чува својот нов дом и да гради пријателства.

За Бубевска Даница е добро што во собите се сместени по две, имаат телевизор, засебно купатило, решо, може да се другарува, да се пие кафе, да се разговара.

– Родена сум во село Илиово, работев во Фротирка, Делчево и сум пензионерка, и од таму дојдов во Берово, во старски дом. Уште два месеци, до Нова година ќе направам 3 години од кога сум тука. Домот ни е многу важен, не гледаат, овој дом за мене е фамилија, вели Јанковска Стефанка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.