Неделава пристигнуваат 500.000 вакцини во Македонија
Mинистерот Венко Филипче во својата официјална посета на Турција најавија дека земјата ќе ни донира 30.000 вакцини од производителот „Синовак“, а како што информираше претходно во текот на неделава треба да пристигнат уште 500.000 вакцини од овој производител.
Тој исто така вчера објави дека вакцинацијата и почитувањето на мерките ги донесоа очекуваните резултати.
– „Првпат по подолго време бројот на активни случаи заболени од КОВИД-19 падна под 1000. Апелирам да продолжиме да ги почитуваме мерките и сите оние кои сѐ уште не се пријавиле на vakcinacija.mk што поскоро да го направат тоа“, напиша Филипче.
Според официјалната веб страница за вакцинација досега во земјава бројот на вакцинирани изнесува 245.413, а интерес за вакцинирање пројавиле 440 213 граѓани.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, а на починати е 5.455.