Oд 15 јуни се најавува ново олеснување на рестрикциите
Епидемиолошката состојба поврзана со Ковид-19 заразата во Македонија е стабилна. Претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки.
Министерот за здравство Венко Филипче дека евентуалното олеснување на рестрикциите се однесува пред се на полицискиот час и на препораките за организација на другите настани.
– „Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи“, истакна Филипче.