Пендаровски во вила „Водно“ ја презеде претседателската функција
На официјална церемонија во вила „Водно“ досегашниот претседател Ѓорге Иванов денеска му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.
Церемонијата беше со највисоки воени и државни почести, а по нејзиното завршување Иванов и Пендаровски одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше заедничка средба со вработените во Кабинетот на претседателот.
Пендаровски одржа билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, како и со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
Новиот претседател на државата најавено е да одржи билатерални средби и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, со заменик министерот за надворешни на Република Турција, Фарук Кајмакчи, како и со државниот потсекретар во МНР на Република Полска, Пјотр Вавжик.