Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

По примерот на Хрватска: Во петок 31 јануари најавен бојкот на маркетите во Македонија

Македонија

По примерот на Хрватска: Во петок 31 јануари најавен бојкот на маркетите во Македонија

Граѓаните на Македонија, револтирани од високите цени и неефективните мерки на власта, ќе се приклучат на акцијата за бојкот на маркетите на 31 јануари.

Со слоганот „Попусто попусти кога цените се исти“, тие ќе изразат незадоволство од пораснатите цени на храната и основните производи.

Маркетинг

По Хрватска, во петок, 31 јануари, и македонските граѓани ќе го бојкотираат влегувањето во маркетите, како начин на изразување на незадоволството од високите цени, особено на храната и секојдневните продукти. На социјалните мрежи се шири повикот кој има за цел да ги мобилизира граѓаните да не влегуваат во маркетите и да го покажат своето незадоволство.

Граѓаните се жалат дека за четиричлено семејство, набавката на основни продукти станала сè поскапа и дека повеќе не можат да ги издржат зголемените трошоци.

Оваа акција следи по слични бојкоти во Хрватска, Франција, Италија, и Црна Гора.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.