Поради силниот ветер два авиони наместо во Скопје, слетаа во Охрид и Приштина
Поради силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје, два авиони не слетаа на скопскиот аеродром, туку беа пренасочени.
Па така, едниот слета во Охрид, а вториот во Приштина.
Авионот кој летал на релацијата Истанбул – Скопје бил пренасочен на аеродромот во Пришина, а уште едно летало на Визер кое доаѓало од Малта, наместо во Скопје слетало во Охрид.