Пожарникари извлекуваа повреден возач од превртено возило на патот Тетово-Јажинце
Четириесет и петгодишен жител на тетовско Рогачево е спасен од пожарникари кои го извлекле од неговото превртено возило, откако излетал од регионалниот пат Тетово – Јажинце денеска после 12 часот.
Според првичните информации на тетовската полиција, тој здобил тешки повреди, но бил контактибилен.
– Сообраќајната незгода се случила на патот Тетово-Јажинце околу пладне во атарот на село Беловиште. Поради засега неутврдени причини возилото марка „пежо 307″ кое го управувал Б.Ј. (45) од Рогачево излетало од коловозната лента – соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.
Возачот бил сам во возилото, а по извлекувањето е однесен во тетовската клиничка болница со возило на итната медицинска помош.