Македонија
Резултат од бојкотот на маркетите во Македонија: Намален промет во големите маркети за 46,59% во споредба со минатиот петок
Според последните податоци од Управата за јавни приходи (УЈП), вчера е забележан значителен пад во вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети за 46,59% во однос на минатиот петок. Овој пад е дополнително изразен со намалување од 46,29% во споредба со претходниот ден.
Податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS) покажуваат дека на 31.01.2025 година вкупниот промет изнесувал 114,293,367 денари, додека на 30.01.2025 година изнесувал 212,782,151 денари, а на 24.01.2025 година бил 213,985,705 денари.