Ситуацијата со коронавирусот е стабилна – од 12 јули вакцинација и без добиен термин
Во Македонија е стабилна состојбата со коронавирусот. Во 19 градови во државата повеќе нема позитивни на коронавирусот.
Во текот на претходното деноноќие, како и неколку денови назад, не беше регистриран ниту еден смртен случај, а беа регистрирани 27 оздравени пациенти.
Комисијата за заразни болести вчера оцени дека нема потреба за воведување на нови ограничувања, но и некакви рестриктивни мерки во однос на штитење на границите од ширење на делата сојот при влез на странски државјани во нашата државата.
Министерството за здравство во моментов е концентрирано на вакцинацијата. Планот е до крајот на неделава да бидат вакцинирани половина милион граѓани, соопшти минатата недела Филипче.
Министерството за здравство вчера соопшти дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој без оглед дали е пријавен или не преку веб-страницата vakcinacija.mk.
– Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk, информираат од Министерството.
Оттаму соопштуваат дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.