Следува уште еден продолжен викенд – 14 јуни неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14 јуни, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Ова се неработните денови и празници за сите граѓани до крајот на годината:
- 2 август (петок), Ден на Републиката,
- 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
- 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
- 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
- 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед
- 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
- 25 декември (среда), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.