Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Трета трансплантација на срце во историјата на Македонија

Македонија

Трета трансплантација на срце во историјата на Македонија

Трета трансплантација на срце во историјата на Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја.

На двајца пациенти, пак, ќе им се трансплантираат бубрези. Медицинскиот тим ги започнал подготовките синоќа откако семејството на мртвиот донор дало согласност да се донираат органите.

Филипче предмалку се огласи и по третпат соопштувајќи дека експлантацијата на бубрезите е завршена, а сега се прави трансплантација на срцето.

„Во тек е трансплантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.“, соопшти Филипче.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.