Три и пол години затвор за актерката Силвија Стојановска
Македонската актерка Силвија Стојановска денеска беше осудена на три и пол години затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор поради обвинение за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Сепак, актерката Стојановска останува на слобода до правосилност на пресуда, со определени мерки на претпазливост, oдземен пасош и редовно јавување во судот, додека Будисавјевиќ е во притвор.
Како што е наведено во обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Во меѓународната операција „Колибри” во Македониија беа уапсени Будисавјевиќ и Стојановска, а три лица, дел од групата, во Шпанија.