Уште два дена имаат граѓаните за проверка на електронските даночни пријави
Од Управата за јавни приходи соопштија дека се продолжува рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава. Граѓаните ќе може да извршат проверка на електронската даночна пријава и во текот на викендот односно уште денес 1 и утре на 2 јуни.
„Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник), Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана“, велат од УЈП.
Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени.