Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа, со својот трицикл ќе пристигне во Охрид
Ресенчанецот Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа, по седум дена возење трицикл низ Македонија, попладнево пристигнува во Охрид!
Малкумина веруваа дека може! Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа сигурни дека ќе успеат, и се осмелија да тргнат на пат од околу 600 километри. Од Ресен, преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, и Струга, денеска ќе пристигнат во Охрид. Се очекува на Охридското пристаниште да пристигнат нешто по 16 часот.
Според наши информации, охриѓани му подготвуваат пречек!
Утре Васил јанкула преку Галичица ќе го затвори кругот околу земјата и ќе пристигне во Ресен.