Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Visa ги зголеми бесконтактните трансакции без ПИН до 2.500 денари

Македонија

Visa ги зголеми бесконтактните трансакции без ПИН до 2.500 денари

Visa денес најави дека го поддржува зголемувањето на лимитот кај Card Verification Method до 2.500 денари во Македонија, дозволувајќи им на потрошувачите да плаќаат едноставно со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), со нивната бесконтактна картичка, при плаќање на поголеми износи. Зголемениот лимит без ПИН е зголемен за 25% од претходниот износ од 2.000 денари, со што на македонските потрошувачи им е овозможена уште поголема погодност за повеќе секојдневни трансакции.

Бесконтактната технологија го обезбедува најбрзиот, најповолниот и најбезбедниот начин на плаќање и за потрошувачите и за трговците, овозможувајќи едноставни приближи-и-плати плаќања. Со повеќе од 40% од трансакциите во Македонија, веќе направени со бесконтактно плаќање, зголемувањето ќе продолжи да го подобрува искуството при купување кај потрошувачите.

„Кога потрошувачите плаќаат бесконтактно со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), тие го сакаат непреченото, брзо и безбедно искуство, а и знаеме дека луѓето сакаат да го користат бесконтактното плаќање при купување повеќе од било кога,” изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за југоисточна Европа. „Отсекогаш сме биле посветени на воведување на иновации и овозможување на најдобриот начин на плаќање на нашите потрошувачи и трговци, а со нетрпение очекуваме да го поддржиме растот на технологијата за бесконтактно плаќање со големо ниво на безбедност уште повеќе, со зголемување на лимитот за плаќање во Македонија.“

Visa ја цени поддршката на владите, како и на опсежната платежна индустрија, за овозможување лимитот да се зголеми. Сега ќе се соработува со трговците на мало и со партнерите за финансиските услуги, за да се спроведат потребните технички промени на продажните места.

Покрај овие погодности, Visa услугата за лесно плаќање овозможува исклучителна заштита и безбедност при употреба на бесконтактни картички. Бесконтактните картички имаат ист EMV сигурносен чип како и контактни картици, а секоја трансакција вклучува единствен еднократен код, што оневозможува информациите да се користат за фалсификување на картички.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.