Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Здружението „За тебе“ успешно им помогна на 10 младинци без родители

Македонија

Здружението „За тебе“ успешно им помогна на 10 младинци без родители

Здружението „За тебе“ успешно им помогна на 10 младинци без родители

Во 2020-та година се формираше Здружение за помош и поддршка на деца без родители „За тебе“, кое всушност работи со младите лица кои пораснале без родители.

Ова е прва непрофитна организација во земјава која работи исклучиво со млади лица пораснати без родители, односно лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители.

„За тебе“ после неколкумесечна работа, со јавноста споделува дел од постигнатиот успех со првата група млади без  родители.

Од тимот на „За тебе“ велат дека и покрај сите пречки кои годинава ни ги сервираше, тие дале сè од себе за младинците да не почувствуваат дека има застој во исполнување на нивните барања.

„Опфативме група на млади луѓе од 19 до 29 години. Секој од нив имаше различнапотреба (храна, облека, наоѓање на место за живеење, мебел, велосипед за до работното место…), а ние заедно со индивидуални донатори успеавме да
одговориме на нивните потреби“, вели Цеце Николова, претседател на Здружението.

Николова објаснува дека со голем дел од нив морале да почнат буквално „од почеток“, односно со наоѓање на облека, храна и основни потреби за нормален живот.

„Знаете, овие млади луѓе, пораснати без родители, не бараат „брда и долини“. Тие само сакаат да имаат простор за живеење кој ќе може барем привремено да го наречат дом, сакаат сигурна работа и работодавци кои не го земаат предвид нивното тешко минато“, додава таа.

За краток временски период тие успеале да вработат 4 младинци, на што се исклучително горди.

„Единствената поддршка која ја добивме досега се индивидуални спонзорства и партнерства. Навистина сме среќни што има добри луѓе кои ја забележуваат позитивната страна на нашето работење. Но сепак, 10 младинци е бројка која во најбрз можен рок сакаме да ја зголемиме повеќекратно. Секаква помош е добредојдена“, заклучуваат од Здружението.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.