Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Младите со свои пораки до македонската делегација на Генералното собрание на ОН

Актуелно

Младите со свои пораки до македонската делегација на Генералното собрание на ОН

Младинската мрежа Y-PEER Mакедонија поддржана од регионалната канцлераија на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) го одбележа заминувањето на Македонската делегација на Генералното собрание на Обединетите нации предавајќи ги „Младинските препораки за пост-2015“ и младинските разгледници.

По овој повод, во текот на вчерашниот ден младите од Y-PEER Македонија организираа настан во Кафе-книжарницата „Магор“ во Скопје. Целта на настанот беше да се предадат младинските разгледници со пораки од младите од Македонија и „Mладинските препораки за пост-2015“ на претставници од Министерството за надворешни работи кои понатаму ќе ги достават до македонската делегација која ќе учествува на престојното Генерално Собрание на ООН.

Согласно форматот на настанот, овозоможен беше и простор за кратка дискусија на темите: младинско учество, развојна агенда и „што по Генералното Собрание на ОН“. Присутните млади на настанот имаа шанса да разговараат со г-ѓа Сања Зографска Крстеска, која беше претставник од Министерството за надворешни работи.

одржливи развојни цели

– „Сведоци сме на фактот дека процесот на подготовка на новата развојна агенда и глобалните цели за одржлив развој отворија можност за различни дискусии на сите нивоа и со многу голем број актери околу креирањето на нашата иднина. Младите од Република Македонија ја препознаа и ја искористија оваа можност да ги искажат своите очекувања и потреби. По завршување на Самитот на ОН за одржлив развој претстои потешкиот процес на имплементација на агендата и целите на национален план. Се надевам дека ентузијазмот кај младите активно да придонесуваат за примената на целите ќе се задржи и понатаму и драго ми е што слушнав ваши конкретни предлози како соработката со Министерството за надворешни работи да се продлабочи околу ова прашање, но и за многу други што ги засегаат младите. Верувам дека во настојувањето да се направат институциите поблиски до граѓаните, можеме и во Министерството за надворешни работи да работиме врз нови механизми и платформи за соработка со младите“, изјави Крстеска.

Во рамки на следните активности од кампањата „Идеите ги споделувам гласно“ Y-PEER Македонија најавува уште еден настан за проследување на заклучоците од Самитот на ОН, кој би имал за цел да отвори дискусија помеѓу младите за обрвските и заложбите на Р. Македонија и улогата на младите во осигурувањето дека целите и индикаторите кои произлегуваат од развојната рамка успешно се имплементираат на национално и локално ниво.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.