Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МНТ ДЕМАНТИРА: Лилјана Велјанова се повреди во подрумските простории на театарот

Актуелно

МНТ ДЕМАНТИРА: Лилјана Велјанова се повреди во подрумските простории на театарот

Македонскиот народен театар денеска се огласи во јавноста откако низ медиумите и на социјалните мрежи беше објавено дека актерката Лилјана Велјанова била повредена откако паднала во дупка на малата сцена при МНТ за време на пробата за претставата „Квартет“.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението интегрално:

„Сакаме да дадеме демант по повод написите во некои медиуми и на социјалните мрежи за вчерашниот несреќен случај кога во МНТ се повреди актерката Лилјана Велјанова.

Најпрво сакаме да разјасниме дека повредата не се случи за време на проба ниту на сцена и не е поврзано на било каков начин со техниката и технологијата во театарот. Имено вчера, на 05.01.2016 година, актерката Лилјана Велјанова, доаѓајќи на прва мизансценска проба на претставата „Квартет“ на Малата сцена, движејќи се низ подрумските простори на театарот падна и се повреди. Во тие моменти таа беше сама. Потенцираме дека несреќниот случај не беше на сцената на која се работи претставата, ниту пак на Големата сцена на МНТ и воопшто не е поврзан со сценската техника.

Актерката Лилјана Велјанова изјави: „Нема потреба да се прави случај од оваа моја повреда. Не сакам никој вработен во театарот да одговара за ова, одговорноста е моја. Се работи за несреќен случај, настанат поради мое лично невнимание во моментот кога доаѓав на проба.“

Екипата на „Квартет“ смета дека она што е сега важно е дека актерката Лилјана Велјанова  е во стабилна состојба и се чувствува подобро и дека е навистина некоректно и штетно во вакви моменти да се шпекулира и да се дезинформира јавноста без да се знаат фактите.

Македонскиот Народен Театар  секогаш е транспарентен во својата работа и отворен за целокупната јавност и медиумите и токму поради ова, сите настанати шпекулации и погрешно информирање на јавноста ги сметаме за некоректни и непотребни.“ – стои во соопштението на МНТ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.