Актуелно
Момче и девојка пронајдени мртви во битолски мотел
Момче и девојка од Битола, Ѓ.И. (27) и К.И. (33), денеска се пронајдени мртви во мотел што се наоѓа во индустрискиот дел на градот.
Според СВР Битола, случајот го пријавиле вработени во мотелот откако забележале дека момчето и девојката подолго време не излегувале од собата.
Како што информира портпатолот на СВР Соња Стаматова, веќе е поведена истрага за настанот.
Засега е познато само дека Ѓ.И. (27) и К.И. (33) на 24 октомври изнајмиле соба во мотелот.