Вести
МОСТ: „Отворени се сите гласачки места во Општина Центар и гласањето е во тек“
Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следи со 111 набљудувачи, кои ќе ги покријат сите гласачки места во општина Центар.
Набљудувачите на МОСТ се статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 4 мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ја набљудуваат атмосферата надвор од гласачките места.
Според информациите добиени од набљудувачите и мобилните тимови отворени се сите гласачки места и гласањето е во тек.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080. Доколку граѓаните не се сигурни на кое гласачко место можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страницата http://izbirackispisok.gov.mk.
Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите, како и излезноста на гласачите, МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста на четири конференции за јавност и тоа во 11:30 часот, во 14:30 часот и во 17:30 часот. Прес-конференциите ќе се одржуваат во просториите на Граѓанската асоцијација МОСТ.