Актуелно
Мртов маж извлечен од водите на Вардар во Скопје
Труп на непознато машко лице на возраст меѓу 70 и 80 години е извлечен вчера околу 13:45 часот од водите на реката Вардар во Скопје, соопшти МВР.
Смртта е констатирана од страна на лекар од итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.
По наредба на Јавното обвинителство, телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.