Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МВР апелира на гласањето утре да се почитуваат законите

Вести

МВР апелира на гласањето утре да се почитуваат законите

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и какво било нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање. 

– Какво било однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе преземе се што е потребно в недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја, стои во апелот на МВР.

Наведува и дека согласно со стандарните процедури, во Министерството е формиран и функционира посебен оперативен штаб, кој има надлежност и овластување да презема мерки и активности со кои ќе биде гарантирано и овозможено уставното право на изјаснување на секој граѓанин.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.