Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МВР: Кривична за „убиство во обид“ за полицаецот што пукаше во малолетниците кај Струмица

Вести

МВР: Кривична за „убиство во обид“ за полицаецот што пукаше во малолетниците кај Струмица

Полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба – огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција, утврдил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во врска со настанот  од 11 август кај браната Мантово на влезот во Струмица каде полицаецот пукал во двајцата малолетници осомничени за обид за кражба. 

– Против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка. До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по член 123 и член 19 од Кривичниот закон на Република Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР во соопштението наведува и дека  најостро ги осудува обидите за манипулација со овој настан од страна на одредени политички субјекти.

– За разлика од времето кога раководството на МВР ги криеше злосторствата од јавноста, МВР сега демонстрира максимална транспарентност и професионално работење со цел да обезбеди законите да важат подеднакво за сите, посочува МВР.

Министерството вчера соопшти дека полициски службеници од СВР Струмица претходниот ден (11 август) околу 14 часот, по добиена пријава на телефонот 192 за обид за кражба во викенд-куќа во близина на браната Мантово, се обиделе да запрат возило „опел фронтера“ со словенечки таблици управувано од Т. Д. (2000). Тој ја игнорирал наредбата и наместо да го запре возилото ја зголемил брзината и избегал по локален земјен пат во правец на градската капела во Струмица.

Како што информираше вчера МВР,  возачот на опелот бил принуден да запре на излезот од Струмица во близина на село Баница. Во возилото  биле и Х.Ј. (2000), Д.М. (2001), Х.А. (1998) и А. Ѓ. (2001) сите од Радовиш. Полицискиот службеник кој го запрел возилото испукал два куршума во воздух како предупредување, а во исто време на местото на настанот пристигнало и друго возило на МВР од кое излегле двајца полициски службеници и се упатиле кон „опел фронтера“ за да ги приведат осомничените.

– При обидот да се приведат осомничените, полицискиот службеник употребил огнено оружје при што биле повредени Т.Д. и А.Ѓ. кои веднаш биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде од страна на лекар се констатирани повреди од огнено оружје. Поради карактерот на повредите, Т.Д. е пренесен во Клинички центар во Скопје, беше наведено во вчерашното соопштение на МВР.

На местото на настанот вчера излезе и јавен обвинител, а во расчистувањето на случајот веднаш беше вклучена и Внатрешната контрола на МВР за да ја испита постапката на полициските службеници.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.